Советот на Касилјас за Донарума ги „зовре“ страстите во Милано

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас со изјава за тимот на Милан и неговиот голман Џанлуиџи Донарума прописно ги налути многубројните навивачи на „росонерите“.

Касилјас истакна дека Донарума заслужува поголем клуб од Милан, што наиде на силен револт меѓу навивачите. По сето тоа, Шпанецот се обиде да се оправда, но залудно.

„По мое мислење, Донарума треба да биде во клуб со поголема традиција. Моја грешка. Милан има традиција, мислев на клуб кој моментално игра поважна улога во Европа“ – обаснуваше дополнително Касилјас.

 

А, фактот е единствено дека иако Милан веќе некое време не игра позапазена европска улога сепак со седум титули шампион на Европа е меѓу најтрофејните во ова натпреварување, и дефинитивно еден од најдобрите во Италија.

Се вчитува...