Реал Мадрид е во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако и во реваншот во Париз го совлада ПСЖ со 1-2 и во вкупен резултат од 5-2 надмоќно се пласира во следната рунда. Кристијано Роналдо го отвори резултатот и покажа дека е човекот на одлука за „кралевите“ со постигнат најмалку еден гол на сите натпревари во ЛШ оваа сезона, но фантастичен меч вечерва на „Паркот на принцовите“ одигра и Бразилецот Кашемиро.
Во отсуство на Модриќ и Крос, кои поради незалечени повреди останаа на клупата на почетокот на мечот, а Германецот влезе во завршницата, токму Кашемиро царуваше во средниот ред на Реал Мадрид. Тој го постигна победничкиот гол за „кралскиот клуб“ во 80.минута од својот единствен шут кон голот на противникот, а имаше само едно неуспешно додавање (56 успешни од вкупно 57) во текот на натпреварот. Покрај ова, тој имаше и четири лизгачки стартови, како и 11 одземени топки на овој натпревар. Навистина совршен меч за Бразилецот од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА