СП 2019: Кадетите против Нигерија да фатат победнички ритам

Да се надмине ударот од неочекуваниот стартен пораз, да се кренат играчите и да се тргне кон реализиацијата на целта. Ова се приоритетите на македонската кадетска репрезентација по неуспехот против Аргентина на Светското ракометно првенство и во пресрет на вторoто коло во кое тимот на Данило Брестовац ќе се соочи со Нигерија, репрезентација која исто така во првата рунда претрпе пораз. Селекторот стравува од грчот кај играчите кои тешко го поднеле поразот.

„Свесни се дека ја имаа победата во раце. Ќе ни треба голема поддршка за да се кренеме. Победа, не враќа на вистинскиот пат“ – вели Брестовац.

Македонската репрезентација треба да влезе во победнички ритам за да може да ја оствари посакуванатa цел, плaсман во нокаут-фазата. Почнувајќи од денеска против Нигерија, нашиот тим ги има и дуелите против Бахреин утре, в недела против Данска и в понеделник против Јапонија. Составот на Брестовац на овие дуели ќе треба да забележи доволен број победи за да биде најмалку на четвртото мсто на конечната табела.

РАСПОРЕД  2.коло група Ц

16.30  –   Јапонија – Бахреин

18.30  –    Аргентина – Данска

20.30  –    Нигерија – МАКЕДОНИЈА

 

 

Се вчитува...