Кадетската репрезентација на Македонија го совлада Бахреин со 27-25 во 3. коло од Светското ракометно првенство кое се одржува во нашата земја и обезбеди пласман во осминафиналето.
Нашите надежи уште од почетокот го контролираа мечот, а во 19. минутата стигнаа и до најголемите плус 5 (9-4). Потоа повторно следуваше пад, со кој им дозволивме на Бахреинците со серија од 5-1 да се доближат на само еден гол негатива (10-9). Сепак со добра игра во последните три минути, избраниците на Брестовац на полувреме заминаа со предност од три гола разлика (12-9).
Во второто полувреме се беше во ред, се до последните 15. минути кои повторно се покажаа проблематични за нас. Бахреинците се разиграа, а во 55. минута, по почетокот на мечот повторно успеаја да го израмнат резултатот (23-23). Во последните пет минути одличен на голот беше Андреj Петковски кој со неколку одлични интервенции им помогна на соиграчите за конечна победа на Македонија од 27-25.
Серафимов со 10 гола беше најефикасен во нашиот тим, а Костески стрелаше 7 пати. Утре е слободен ден за нашата репрезентација, а во недела се среќаваме со фаворитот Данска.
Нашата репрезентација сега има четири бода и на вторто место на табелата веднаш зад водечката Данска која по три одиграни кола има максимален ефект и шест бода. Зад нашата селекција е Јапонија која исто така им четири бода, а птоа следуваат Бахреин и Аргентина со по два бода, Нигерија е последна без бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА