До светското првенство во Катар има уште четири години, а изградбата на стадионите на кои ќе се играат натпреварите е во пол ек. Константи се забелешките од организациите за човекови права за условите во кои работат градежниците на овие објекти, особено миграните од други држави.
Не е до крај јасно колку работници умреле досега при изградбата на стадионите, но шоканта изјава даде лидерот на норвешкиот градежен синдикат кој се обиде пластично да ја објасни ситуацијата.
„ Ако во текот на Мундијалот треба да им се оддаде почит на жртвите во изградбата ќе треба да има минута молчење на првите 44 натпревари“ – објасни Ханс-Кристијан Габриелсен.
44 натпревари се речиси целата групна фаза на Светското првенство.
Шампионатот во Катар е првиот кој нема да биде во лето, ќе се одржува од 21 ноември, а проследен е со контроверзи уште од доделувањето на организацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА