Сатдионот „Лусаил“ ќе биде домаќин на финалето на Светското фудбалско првенство во Катар, соопшти организаторот промовирајќи го спектакуларниот дизајн на најголемото здание меѓу оние на кои ќе бидат играни натпреварите на првиот „зимски“ мундијал во историјата.
Стадионот се наоѓа на 15 километри од Доха и ќе има капацитет од 80.000 гледачи. На него ќе се одигра и натпреварот кој ќе го отвори шампионатот. По завршувањето на Светското првенство, стадионот ќе биде трансформиран во мултифункционален центар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА