Бранителот на светската одбојкарска титула, репрезентацијата на Полска е последниот патник во полуфиналето на шампионатот во Италија. Полјаците во последниот натпревар од „топ шест“ загубија од домашната селекција со 3-2 во сетови, но поразот не значеше ништо бидејќи на актуелниот шампион за прогрес во полуфиналето му беше доволен и само еден сет од овој меч.
Полјаците завршуваат како првопласирани во групата „Ј“ и во полуфиналето вкрстуваат со второпласираната од групата „И“, репрезентацијата на САД.
Италијанците кои ја забележаа првата победа над Полска на светските првенства остануваат без борба за медали. Преку оваа конкуренција во полуфиналето е и репрезентацијата на Србија која утре ќе се бори со актуелниот олимписки шампион, Бразил.
Бразилците го обезбедија првото место во групата „И“ откако денеска во завршниот дуел од групата во „топ шест“ фазата славеа со 3-0 во сетови над САД.
Полуфиналните пресметки се закажани за утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА