СП пливање: Деркоски со најдобро лично време, но претпоследен на 400 метри слободно

Првиот македонски претставник на натпреварувањата во базен, на Светското пливачко првенство во Гванжу, Филип Деркоски постигна најдобро лично време во квалификациите на 400 метри слободно. Тој исплива резултат од 04.07.99 минути што сепак беше доволно само за претпоследно место во квалификациите.

Времето на Деркоски беше за 23 секунди послабо од најдобропласираниот во квалфикациите, Кинезот Јанг Сун кој имаше резултат 3.44.10 минути. Македонскиот пливач беше 45-ти меѓу 46 натпреварувачи.

 

 

Се вчитува...