Македонските пливачки кои утрово ги имаа воведните настапи на Светското првенство во Гванжу забележаа резултати послаби од нивните најдобри досегашни постигнувања.
Миа Крстевска на 100 метри грбно постигна време 1.06.00 минути кој е нејзин втор најдобар резултат, а со него беше 49-та меѓу 63-те натпреварувачки кои се појавија во квалификациите за оваа дисциплина. Крстевска заостана 7.09 секунди зад најдобарата во квалфикациите, Канаѓанката Кели Меси која имаше резултат 59.91 секунди. Миа Крстевска в петок ќе биде дел од квалификациите на 200 метри грбно.
Ева Петровска која беше дел од квалификациите на 1500 метри слободно забележа резултат 17.35.18 минути со кој беше последна меѓу 29-те натпреварувачки. Таа заостана 1.46.28 минути зад резултатот на најдобрата, Кејти Ледецки кој во квалификациите исплива 15.48.90 минути, а инаку е светска рекордерка во оваа дициплина. И Ева Петровска вториот настап ќе го има в петок кога ќе се појви во квалификациите на 800 метри слободно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА