Давор Петровски го постигна најдобриот личен резултат на 200 метри мешано пливајќи во квалификациите за оваа дисциплина на Светското пливачко првенство во Гвангжу. Тој постигна резултат 2.10.74 минути со кој беше второпласиран во првата од шесте квалификациски групи, а вкупно го зазеде 45-то место меѓу 51. пливач кои ги комплетираа квалификациите.
Петровски имаше за 12.95 секунди послаб резултат од најдобриот квалификациската сесија, Унгарецот Ласло Чех кој имаше време од 1.57.79 минути. Светскиот рекорд во оваа дисциплина му припаѓа на Рајан Лохте и изнесува 1.54.00 минути, постигнат е во Шангај уште во 2011 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА