СП пливање: Поп Ацев на 51. место на 10 километри

Евгениј Поп Ацев се пласираше на 51. место во воведниот настап на Светското првенство Гванжу во Јужна Кореја. На трката во далечинско пливање на 10 километри тој постигна резултат од 1.52.43.00 часа со што беше за речиси пет минути послаб од првопласираниот Германец Флоријан Велброк. На трката учесетвуваа 73 пливачи, но ја завршија 63 натпреварувачи.

Следниот настап на Поп Ацев ќе биде на 19.јули, в петок на трката на 25 километри. На Шампионатот, Македонија има уште четири пливачи, Филип Дерковски, Давор Петровски, Миа Крстевска и Ева Петровска

 

Се вчитува...