Македонија ќе биде дел од групата Ц на претстојниот мундијал за младинци што летово ќе се одржи во Алжир. На денешната ждрепка што се одржа во Базел, нашиот национален тим беше извлечен во иста група како и селекциите на Шпанија, Тунис, Бразил, Буркина Фасо и Русија.
Согласно правилата на ждребот на ИХФ, најпрвин беа извлечени шеширите 1, 2, 4, 5 и 6, за потоа домаќинот Алжир сам да ја избере групата во која ќе ја игра првата фаза. Африканската селекција ја избра групaта Б, по што веднаш како првоизвлечена репрезентација од третиот шешир беше Македонија, која беше сместена во групата Ц.
Селекторот Темелковски и нашите млади ракометари ќе атакуваат на едно од првите четири места, што би значело пласман во осминафиналето. Буркина Фасо е селекција против која реално мора да се очекува победа, додека останатите ривали исто така не се непобедливи, особено ако се земе во предвид нашиот квалитет и фактот дека на овој мундијал ќе бидеме предводени од сениорските репрезентативци Талески, Кузмановски, Нелоски…
ГРУПА А: Германија, Норвешка, Ф. Острови, Унгарија, Кореја, Чиле.
ГРУПА Б: Франција, Данска, Катар, Египет, Словенија, Шведска.
ГРУПА Ц: Шпанија, Тунис, Македонија, Бразил, Буркина Фасо, Русија.
ГРУПА Д: Исланд, Хрвтска, Алжир, Саудиска Арабија, Арентина, Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА