По претходната победа над Полска, селекцијата на Бразил стигна и до втората своја победа, од досега три одиграни натпревари, во Групата А на Светското првенство во Франција, триумфирајќи со 27-24 против Јапонија.
Бразилците имаа предност во текот на целиот натпревар која континуирано ја одржуваа, па на крајот за победа од три гола разлика.
Најефикасен во редовите на Бразил беше Лангаро со осум постигнати гола, додека кај Јапонците предводеше Токуда со 7 гола.
Белорусија, пак, во вториот свој натпревар на првенството стигна и до првата победа славејќи со 29-26 против Саудиска Арабија.
Азијците одиграа уште еден квалитетен дуел, рамноправно парирајќи на белоруската репрезентација која до самиот крај се бореше за првите свои бодови на првенството. Најефикасен кај Белорусите беше Пуховски со 9 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА