Без апсолутно никакви проблеми, Данска и Хрватска стигнаа до првите свои победи на Светското првенство во Франција, заокружувајќи го 1. коло на шампионатот во сите четири групи.
Потврдувајќи ги фаворитските улоги, Хрватска славеше со 28-23 против селекцијата на Саудиска Арабија додека Данска беше убедлива против Аргентина победувајќи со убедливи 33-22.
Во редовите на Хрватска најдобар беше Лука Циндриќ со шест постигнати гола, а пет постигна Домагој Дувњак.
Данците, пак, до триумфот од 33-22 беа предводени од Микел Хансен кој заврши со 6 гола, а пет постигна Ласе Сван. Во редовите на Аргентина Федерико Фернандез беше најдобар со шест постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА