Светското одбојкарско првенство влегува во завршната групна фаза пред дуелите за распределба на медалите. Формирани се двете последни групи преку кои четири екипи ќе изборат место во полуфиналето. Бразил, САД и Русија се дел од конкуренцијата „И“, додека Србија, Италија и Полска ќе се борат во групата „Ј“.
Бранителот на титулата, Бразил и селекциите на Полска, САД и на Италија како првопласирани од втората фаза одат во третиот сегмент. Србија и Русија изборија место како двете најдобри второпласирани.
Натпреварите на одбојкарскиот мундијал досега се играа во Бугарија и Италија, додека завршниот сегмент комплетно ќе биде одигран во Торино.
Денеска и утре репрезентациите имаат одмор, од среда до петок ќе ја играат завршната сесија натпревари. Полуфиналињата се в сабота, а битката за трофејот в недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА