Светската пливачка федерација (ФИНА) објави дека 21. светско првенство во водени спортови ќе се одржи од 2. до 18. февруари 2024 во Доха.
Поради сите поместувања предизвикани од пандемијата од коронавирусот, шампионатот кој требаше 2021 година да се одржи во Фукуока, Јапонија беше одложен за 2023 година, а на негово место годинава домаќин беше Будимпешта.
Сепак, Јапонците не се нафатија да го организираат овој шампионат, па домаќинството и припадна на катарска Доха која место во 2023, домаќин ќе биде на почетокот на 2024 година. Поради ЛОИ во Париз едноставно терминот мораше да биде доста рано во сезоната, па сега се поставува прашање во каква форма ќе дојдат најдобрите пливачи на шампионатот, бидејќи и повеќе од очекувано е формата да се темпира за игрите кои ќе се одржат во Париз летото 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА