Саудиска Арабија ја доби организацијата на фудбалскиот мундијал во 2034 година, по што веднаш гласни станаа поплаките дека ова големо натпреварување ќе мине без алкохол за навивачите.
Пивото е омилен навивачки реквизит на мундијалите со години наназад, но Саудискиот Амбасадор во Велика Британија, Калид бин Бандар ал Сауд, потврди дека неговата земја нема намера да ги промени строгите закони на оваа тема.
„Не дозволуваме алкохол и тоа нема да се промени само затоа што се игра фудбалско светско првенство. Можете да се забавувате на стадион и одлично да си поминеме и без да пиете пиво. Секоја држава си има сопствена култура. Ние со задоволство ќе ги примиме луѓето од сите земји ширум светот да ја почувствуваат нашата култура, но сигурно нема да ја менуваме сопствената култура и традиција само поради луѓето кои ќе дојдат на еден месец кај нас“, изјави Калид бин Бандар ал Сауд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

