Светското првенство во снукер, кое се одржува во театарот „Крусибл“ во англискиот град Шефилд од 1977 година, ќе продолжи да се одржува таму најмалку до 2045 година, објави во вторник Светската снукер федерација.
Новиот договор помеѓу Светското првенство во снукер и Градскиот совет на Шефилд вклучува опција за продолжување на договорот за уште пет години и планови за реновирање на салата, со што нејзиниот сегашен капацитет од 980 седишта би се зголемил за дополнителни 500 седишта.
Најважниот турнир во снукер следната година ќе го прослави својот 50-годишен јубилеј во „Крусибл“, кој стана легендарно место меѓу љубителите на спортот. Овогодинешното Светско првенство ќе започне на 18 април, а финалето ќе се игра на 3 и 4 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

