СП за клубови: Кашима со пресврт над Гвадалахара – до полуфинале со Реал Мадрид

Јапонскиот тим Кашима антлерс го совлада мексиканскиот состав Гвадалахара чивас со 3-2, правејќи пресврт во вториот дел, и закажа полуфинална пресметка против Реал Мадрид, во рамките на Светското првенство за клубови што се одржува во ОАЕ.

Гвадалахара во третата минута дојде во водство со голот на Залдивар. Но, Кашима се разбуди во второто полувреме. Нагаки израмни во 49.минута, Сержињо од пенал направи пресврт во 69.минута, а Абе во 83.минута зголеми на 3-1. Во судиското продолжение од мечот, Кулидо намали на 3-2, откако стрелаше прецизно од втор обид, по нереализираниот пенал.

Се вчитува...