Шкендија триумфираше против Струга ТЛ со 2-0 во дербито на 17. коло од Првата македонска фудбалска лига со кое се стартуваше вториот дел од сезоната во елитниот шампионат.
По првото полувреме кое мина во главно израмнета игра на двете страни и без многу изненадувања, победникот беше решен со два гола за црвено-црните во вториот дел.
Клучен играч на мечот беше Себастијан Спахиу кој најпрво стрелаше во 78.минута за водство од 1-0, а потоа во 89. минута одлично асистираше до нововлезениот Ндзенгуе кој го постигна својот деби гол веднаш по доаѓањето во Шкендија.
Со овој триумф, Шкендија веднаш најави продолжување на трката за одбрана на титулата сезонава.
ПМФЛ-17. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 2-0 (0-0)
Спахиу 78′, Ндзенгуе 89′
Кавадарци: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-6 (0-4)
Садик 9′, 61′, 76′, Стојковски 20′, Тасев 23′, Голубов 61′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

