Спахиу: Треба да извлечеме поуки од ова реми во Сан Марино

ЕКИПА во Сан Марино,

Горан Бошев

Вардар не успеа со победа во Сан Марино да го заокружи пласманот во следната рунда натпревари во Конференциската лига на УЕФА, ремизирајќи (2-2) на гостувањето против Ла Фиорита.

Ремито со тимот од Сан Марино, и покрај европското продолжување, не донесе некое задоволство меѓу вардаровите фудбалери по синоќешниот дуел. Свесни се дека можат и мораат и далеку подобро, ако се сака позитивен резултат и од следната пресметка со швајцарска Лозана.

„Знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар, и така и почнавме некако порезервирано. Секако, нашата желба и амбиција беше само победа, но не успеавме во тоа. Во второто полувреме почнавме поагресивно и тоа вроди со плод“ – ни изјави по мечот офанзивецот Едис Спахиу, и дополни:

„Факт е дека на секој натпревар во Европа мора да се игра максимално фокусирано. Треба да извлечеме поуки од ова реми и грешките кои ги направивме тука. Сега мислите ги насочуваме кон Лозана, верувам дека максимално ќе се подготвиме за тие средби“.

Се вчитува...