Спалети: Добив отказ, никогаш немаше самиот да си заминам…

Лучијано Спалети утре за последен пат ќе ја води Италија на дуелот против Молдавија, откако трофејниот стручњак самиот потврди дека ќе биде разрешен од функцијата селектор на „аѕурите“.

Убедливиот пораз од Норвешка тешко им падна на Италијанците, но наспроти најавите дека тој самиот ќе си поднесе оставка, Спалети обелодени дека тоа не е точно, туку дека тој веќе добил отказ од претседателот на федерацијата, Гравина.

„Имавме долг разговор со претседателот Гравина, јас и тој имаме одличен однос целиот овој период, ја разбирам неговата одлука да ми врачи отказ. Останувам селектор до утре вечер, а потоа ќе си заминам. Тоа не е моја желба, туку став на федерацијата. Не се чувствувам предадено, знам дека резултатите ја одредуваат тренерската судбина, но јас никогаш немаше самиот да се повлечам. Најразочаран сум што не успеав во желбата – да го достигнеме нивото на игра што ќе ни донесеше резултат“, изјави Спалети на денешната прес-конференција.

Како што најавуваат италијанските медиуми, главни кандидати за негов наследник се Клаудио Раниери и Стефано Пиоли.

Се вчитува...