Спалети: Ех, да имам десет Наинголани…

Раџа Наинголан беше човек на одлука на дербито меѓу Рома и Интер, па логично е што белгискиот ас ги собра комплиментите по двата прекрасни погодоци што ги постигна на „Џузепе Меаца“. Најгласен со пофалбите беше тренерот на „волчицата“, Лучијано Спалети, кој го опиша својот фудбалер како „еволуција на фудбалскиот вид“.

Ех, да имам десет Наинголани… би имал навистина силен тим. Тешко е да се најдат вистинските зборови да се опише Раџа Наинголан, тој би можел да биде еволуција на фудбалскиот вид бидејќи е играч што може да се адаптира буквално на се. Ако му кажам нешто да направи, тој веднаш ги впива моите зборови, стапнува на теренот и го прави тоа. Ако барате уште повеќе од него, тој ќе го стори и тоа… може да трча, да дрибла, да шутира, да мине десет ривали. Тој е ретка „ѕверка“ и ние сме среќни што го имаме во своите редови“ – изјави Спалети.

Следен предизвик за Рома е полуфиналето во Купот на Италија, од кое првиот натпревар „волчицата“ го игра утре на „Олимпико“ против градскиот ривал Лацио.

Се вчитува...