Спалети: Елиф Елмас ми е како син, ќе има многу емоции кога ќе го видам

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети, зборуваше за утрешниот натпревар против Македонија во Скопје.

Секако дека Спалети беше прашан за Елиф Елмас против кого ќе треба се сретне на утрешниот натпревар, и еве што одговори италијанскиот селектор:

„Елиф Елмас за мене е како син. Јас секогаш можев да сметам на него, тоа е играч од врвна класа. Точно е дека во Наполи работевме постојано и мислам дека ќе имам силно чувство кога ќе се видам со него, особено кога двајцата очекуваме победа. Станува збор за силен играч, кој ги познава нашите играчи, но исто така очекувам и другите играчи на Македонија да одиграат добар натпревар“, вели Спалети.

Се вчитува...