Тренерот на Јувентус, Лучијано Сплаети го пофали својот тим и покрај разочарувачките 1-1 против Лече. Тој цврсто ги поддржа своите играчи и покрај промашениот дел во финишот од мечот.
Искусниот стручњак го откри проблемот на својот тим, и коментираше околу тоа кој играч ги изведува пеналите.
„Треба да го подобриме нашето донесување одлуки во шеснаесетникот. Постојано ја додававме топката во опасни области, и во првото и во второто полувреме, но никогаш не го најдовме вистинскиот завршен удар. Токму тука треба да се подобруваме. Одигравме добар натпревар, многу добар натпревар. Секако, резултатот секогаш е важен, но имаше јасни чекори напред во нашиот настап. Ако продолжиме вака, ќе добиваме многу натпревари. Околу пеналите, Дејвид е изведувач на пенали, и тоа го направи добро. Немаше среќа, не ја крена доволно високо топката. Исто така Локатели изведува пенали, Јилдиз… Овие одлуки се носат во моментот, во емоции на игрите. Работите не функционираат онака како што вие ги замислувате однадвор“, истакна Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

