ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Лучијано Спалети имаше можност на дело да види повеќе италијански фудбалери во изминатите денови, но селекторот на „аѕурите“ утрово донесе и конечно одлука околу играчите кои ќе се најдат во составот за вечерашниот меч со Македонија.
Во однос на оние кои го минаа тренинг-кампот пред овој натпревар, Спалети во тимот ќе го нема десниот бек Ди Лоренцо, кој е суспендиран, а на капитенот на Наполи на трибините ќе му се приклучат Кристијано Биради, Андреа Колпани и Моисе Кеан.
Италија ќе излезе на мегдан против Македонија во 20.45 часот, а Спалети за стартниот состав ќе бира од следните фудбалери:
Голмани: Донарума, Проведел, Карнесеки.
Одбрана: Лацари, Димарко, Гати, Буонџорно, Манчини, Дармијан, Ачерби, Камбијасо.
Среден ред: Бонавентура, Жоржињо, Кристанте, Барела, Фратези.
Напад: Скамака, Распадори, Берарди, Киеза, Политано, Заниоло, Ел Шарави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА