Пјаниќ ќе му прави друштво на Елмас во Наполи?

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети изрази желба да го доведе играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ. Тренерот на Наполи имал разговор со репрезентативецот на БиХ во обид да го убеди да му се приклучи во Неапол, пишува „Кориере дело Спорт“.

Минатата година, Пјаниќ пристигна на „Камп Ноу“ од Јувентус, како дел од трансферот на Бразилецот Артур. Сепак, 30-годишниот играч за врска не успеа да се наметне во Барселона и не е во плановите на тренерот Роналд Куман. Затоа клубот сега бара купувач.

„Во секој клуб е добредојден фудбалер каков што е Пјаниќ, би ми било драго да биде дел од нашиот тим“, истакна Лучијано Спалети.

До неодамна се мислеше дека Пјаниќ ќе се врати во Јувентус, но „црно -белите“ се откажаа од првичната идеја поради високата плата на играчот која изнесува 6 милиони евра по сезона.

Се вчитува...