Спалети го продолжи договорот со Јувентус до 2028 година

Италијанскиот гигант Јувентус денеска го официјализираше продолжувањето на соработката со еден од најдобрите италијанските тренери во последната деценија, Лучијано Спалети.

Искусниот стратег стави потпис на продолжување на договорот со „старата дама“ до 2028 година.

„Кога пристигнав пред седум месеци, ми го понудија овој договор. Тоа беше еден вид начин да се каже: „Ајде да се дружиме малку, да поминеме време заедно, да се запознаеме, а потоа на крајот од годината ќе бидеме слободни да донесуваме одлуки врз основа на она што сме го направиле“. Прифатив без никакво двоумење затоа што сакав да видам каков е Јувентус одвнатре. Беше лесно да се замисли величината на Јуве и неговата иднина, но беше потешко да се најде одлична група момци толку обединети како оваа силна група, желни да бидат заедно. Секој ден ми доаѓа на ум Јуве, затоа решив пред да го продолжам мојот договор за уште две години“, изјави Спалети. 

Се вчитува...