Спалети го стокми составот на Италијанците: Во 4-3-3 по триумф во Скопје

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети, како што пренесуваат медиумите од Апенините, се чини повеќе нема дилеми околу почетниот состав за пресметката против Македонија вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во квалификациите за ЕП 2024.

Јасно е веќе дека Спалети ќе ја промени формацијата на Италија, па низ поставеност 4-3-3 ќе бара задолжителен триумф против Македонија, со офанзивната тројка Политано, Имобиле и Закањи на чело.

Дефанзивната четворка пред голманот Џанлуиџи Донарума, се очекува да ја сочинуваат Ди Лоренцо, Мансини, Бастони и Димарко, а во средниот ред ќе бидат Барела, Кристанте и Тонали, а во навалното трио Спалети ги планира Политано, Имобиле и Закањи.

Се вчитува...