Поранешниот селектор на Италија , Лучијано Спалети, би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Тимот на Ал-Итихад го разгледува Италијанецот како можна опција и потенцијална замена за Лоран Блан, кој неодамна доби отказ од оваа позиција.
Покрај Спалети, во комбинација е и поранешниот тренер на Барселона Чави, како и екс тренерот на Милан, Серхио Консеисао.
Чави беше кандидат и за тренерското место на Баер Леверкузен, меѓутоа на крајот ја одби можноста да седне на клупата на „фармецевтите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

