Спалети истакна лоши вести за Јувентус: Влаховиќ во аут до крајот на годината

Постои голема веројатност дека Јувентус нема да може да смета на Душан Влаховиќ до почетокот на 2026 година, откако тренерот на „бјанконерите“ Лучијано Спалети потврди дека напаѓачот ќе отсуствува извесно време поради повреда на адукторскиот мускул.

Напаѓачот не беше во тимот за гостување во Норвешка и победата над Бодо Глимт во Лигата на шампионите, но беше стартер синоќа против Каљари во Торино.

На теренот беше само 30 минути, пред да си замине со болка која беше евидентна.

„Почувствува голема болка и тој ќе биде надвор од терените некое време“, изјави Спалети на прес-конференцијата.

Се вчитува...