Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Лучијано Спалети го објави списокот за клучните два натпревари против Македонија на 17. ноември во Рим и три дена подоцна против Украина во Леверкузен во борбата за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.
Повратникот во националниот тим е Жоржињо кој не беше дел од претходниот октомвриски циклус, а во тимот се враќа и Федерико Кјеза кој поради повреда исто така не можеше да му се стави на располагање на Спалети.
Во репрезентацијата на „аѕурите“ во ноемврискиот прозорец ќе има и двајца дебитанти. Повик од Спалети добија и младиот талент на Јувентус, кој во моментов е на позајмица во Болоња, Андреа Камбијасо како и Aндреа Колпани од Монца.
𝑵𝒂𝒛𝒊𝒐𝒏𝒂𝒍𝒆 🇮🇹
La lista dei 29 convocati del Ct Luciano #Spalletti per le qualificazioni a #EURO2024
🏟 Roma
🗓️ 17 Novembre
🆚 𝑀𝑎𝑐𝑒𝑑𝑜𝑛𝑖𝑎 𝑑𝑒𝑙 𝑁𝑜𝑟𝑑 🇲🇰🏟 Leverkusen
🗓️ 20 Novembre
🆚 𝑈𝑐𝑟𝑎𝑖𝑛𝑎 🇺🇦▶️ https://t.co/bvtJBzOzTW#Azzurri #VivoAzzurro pic.twitter.com/NE51yD6W82
— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri) November 10, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА