Тренерот на Јувентус, Личано Спалети не го криеше задоволството од големата победа со 3-0 над Наполи во дербито на 22. коло во Серија А.
Италијанскиот стратег имаше посебна пофалба за својата млада ѕвезда Кенан Јилдиз кој прифати поголема улога на средбата и ја круниса довербата со гол.
„Јилдиз играше како напаѓач и постигна гол. Тој е вонземјанин, тој не е нормален фудбалер. Тој од време на време прави некоја грешка само да види дали може да се вклопи во нормалноста, но не може… не може да остане нормален фудбалер“, изјави Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

