Осминафиналната програма на ЕВРО 2024 ќе биде отворена со утрешниот дуел меѓу Италија и Швајцарија, а актуелниот европски се соочува со сериозни проблеми околу составот.
Конкретно, селекторот Спалети има главоболки околу составувањето на одбранбената линија, ако се знае дека најдобриот дефанзивец Калафиори е суспендиран, додека левиот бек Ди Марко против Хрватска ја обнови старата повреда и дефинитивно нема да може да настапи на утрешното осминафинале. Згора на тоа, Бастони поради грип не тренираше со полна пареа последните денови и неговиот настап е неизвесен.
„Таква е ситуацијата, Калафиори нема да може да ни помогне, се надевам дека Бастони ќе биде во можност, денеска одработе дел од тренингот, ќе видиме како ќе се чувствува и што ќе кажат лекарите. Димарко има проблем што не е наивен, тој дефинитивно е во аут“, прокоментира Спалети.
Местото на Калафиори се очекува да го заземе Манчини од Рома, додека местото на Димарко најверојатно ќе му припадне на Камбијасо.
Италијанскиот селектор најави и уште една значајна промена, па се очекува во средниот ред шанса да добие Фаџоли од Јувентус, што ќе значи преселба на клупата за Жоржињо.
„Имаме голем млад талент што тропа на вратата, мораме да му го дадеме просторот што го заслужува. Фаџоли го има тој природен, мирен начин на решавање на проблемите, делува како да е перфектно создаден за тој дел од тимот. Сега треба само да се покаже храброст и да му се даде шанса да ги покаже своите квалитети“, истакна Лучијано Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА