Лучијано Спалети е на прагот да го одведе Интер во Лигата на шампионите, но неговата тренерска позиција на „Џузепе Меаца“ не е сигурна. Медиумите на Апенините најавуваат дека речиси сигурно кормилото на „нероаѕурите“ ќе го преземе Антонио Конте.
„Сигурно знаат нешто штом толку се пишува. Мое е да работам, а Џузепе Марота е човекот што го знае најдоброто за иднината на Интер. Во изминатите три месеци многу работи беа напишани, веќе не знаете што е вистина. Секој ден некоја нова шпекулација. Но, јас продолжувам да работам напорно и нема ништо да коментирам на таа тема“, изјави Спалети.
Интер синоќа го совлада Киево со 2-0 на домашен терен и напраи голем чекор напред кон пласман во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

