Спалети: Квича е нашиот Диего Армандо Марадона

Титулата сезонава ќе се слави во Неапол, во тоа речиси никој не се сомнева. Во дербито на 26. коло на Серија А, Наполи победи против Аталанта со 2-0, а мечот го одбележа убавиот гол на Квича Квараскелија.

Наполи ја задржа огромната предност во однос на ривалите, сега има дури 18 бода повеќе од најблискиот следбеник Интер, на 12 кола до крајот, па се поизвесно е дека „наполитанците“ ќе стигнат до Скудетото.

Тоа му беше 13-ти гол сезонава, има и 15 асистенции и е вистинско откровение на Серија А. Наполи е на одличен пат да ја освои титулата, а единствените две ги имаат во ерата на легендарниот Диего Армандо Марадона, во 1987 и 1990 година.

„Тоа беше гол достоен за Марадона, а тоа не е нешто што го кажувам лесно. Квича има способност да ја врти топката внатре и потоа да изведе брз удар. Овој пат можеме да се повикаме на името на најголемиот што светот го видел“, изјави Спалети на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...