Јувентус го декласираше наполи со 3-0, Џонатан Дејвид го постигна водечкиот погодок за „старата дама“ во големото дерби и очекувано беше Лучијано Спалети да биде задоволен од играта на својот тим, конкретно од напаѓачите.
Од друга страна, сосема неочекувано е она што навистина се случи – Спалети отворено говореше дека на Јуве му е неопходен нов голгетер, и тоа некој како Расмус Хојлунд, иако асот на Наполи беше целосно задржан од одбраната на Јуве на синоќешното дерби.
„Постојат напаѓачи кои креираат простор и шанси за себе, кои така даваат голови, Дејвид е сосема добар за такво нешто. Од друга страна, постојат и такви како Хојлунд, кои ќе се вратат на половина терен, ќе примат некоја долга топка и ќе почнат акција за екипата. Ние во тимот имаме напаѓачи кои знаат да дадат гол, но ни фали некој како Хојлунд, корпулентен голгетер кој ќе води борба со противничките дефанзивци, ќе влегува во дуелите со нив и ќе освојува топки“, изјави Спалети.
Токму затоа Јуве преговараше со Кристал Палас за Матета, а откако тој трансфер пропадна се почнаа разговори за Ен-Несири од Фенербахче. Иако клубовите се договорија, самиот фудбалер ја одби понудата на „старата дама“, па oстанува да се види дали управата на клубот ќе најде нова опција за да ја задоволи оваа желба на својот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

