Италија нема да го брани трофејот на ЕВРО 2024, и е елиминирана во 1/4 финалето од Швајцарија. Швајцарците имаа по првиот дел предност од 1-0, а на стартот од вториот дел дојдоа и од 2-0, од кои Италија не можеше да се врати.
Лучијано Спалети после мечот истакна дека не е задоволен од играта, и дека неговите играчи одиграле бавно.
„Голот на стартот на вториот дел нѐ уништи, не одигравме добро. Она што ја направи разликата беше темпото на игра. Нашето темпо беше премногу бавно во однос на нивното во првото полувреме. Не сум задоволен и од индивидуалното ниво на играчите“, изјави италијанскиот селектор Лучијано Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА