Она што беше јасно уште пред неколку дена, сега е и официјално. Лучијано Спалети нема да го води Наполи во следната сезона и Елиф Елмас и соиграчите ќе имаат нов тренер.
Спалети на денешната прес-конференција пред утрешниот меч со Удинезе, се заблагодари на сите за честа и со тоа ја завршува својата мисија во Наполи.
„Сакам да се заблагодарам за овие две незаборавни години. Се надевам дека после една деценија кога ќе се вратам тука, ќе бидам пријател со многу луѓе. Заминувањето сега е авентичен чин на љубов. Немам што повеќе да му дадам на овој клуб кој го заслужува најдоброто“, рече Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА