Спалети останува во Интер до 2021 година

Италијанскиот калчолигаш Интер ќе го задржи Лучијано Спалети на клупата до 2021 година. Без разлика дали „нероаѕурите“ ќе изборат пласман во Лигата на шампионите следната сезона, раководството на клубот е уверено дека Спалети е вистинскиот човек за кормилото на Интер и ќе му понуди нов договор за двегодишна соработка. Актуелниот договор има важност до јуни 2019 година.

Интер оваа сезона имаше одличен старт во Серија А, но потоа влезе во резултатска криза и сега се бори за пласман во Лигата на шампионите. Во моментот е на петтата позиција на табелата со четири бода заостанување во однос на Рома и на Лацио на три кола до крајот на шампионатот.

Се вчитува...