Спалети откако „врескаше“ по Елиф: Елмас може да биде топ-фудбалер во Европа, но од него зависи (ВИДЕО)

Наполи повеќе од тешко со гол во 89. минута успеа да дојде до триумф од 1-0 против Специја во италијанскиот шампионат.

Стартер на дуелот за Наполи беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој за време на мечот успеа да го налути тренерот Лучијано Спалети. Во еден момент во првото полувреме Спалети буквално врескаше по Елиф што не остана незабележано и од италијанските медиуми.

Италијанските новинари по мечот не можеа да го избегнат прашањето дали Спалети има некоја посебна забелешка за играта на македонскиот фудбалер.

„Прво мора да се нагласи дека Елмас поседува навистина голем квалитет, иако минатата година имаше и натпревари на кои играше под нивото. Се работи за момче со извонредна техника и квалитет и секако добар дел од нашиот фокус на мечевите е кон него. Јас лично сум убеден дека тој може да прерасне во топ-фудбалер во Европа, но само од него зависи, тој е оној што треба да вложи напор и да направи нешто поинакво“ – истакна Спалети, кој даде и поопширна анализа на играта на Елмас оваа сезона.

„Оваа сезона тој има еден поинаков пристап во играта и ние не би го имале истиот квалитет без него. Тој е навистина извонредна и за тимот носи поофанзивни опции од Зјелинки. Свесни сме дека тоа што не игра во континуитет не му носи добро, но верувам дека ќе биде уште подобар без разлика дали стартува на натпреварите или влегува од клупа. Знаеме дека тој може многу да направи за тимот на најтешките натпревари од сезоната кои ќе следат“.

Се вчитува...