Списокот на актуелниот европски првак за престојниот турнир на кој ќе го брани пехарот е составен. Селекторот Лучијано Спалети ги одбра 26-те играчи кои ќе играат на ЕВРО 2024 во Германија.
Отпаднаа голманот на Лацио, Иван Проведел, потоа играчот од средниот ред на Торино, Ричи и крилното од Болоња Орсолини. Претходно поради повреди отпаднаа и Ачерби и Скалвини, па Спалети дополнително го повика Гати.
Сепак, Проведел ќе биде на располагање за италијанскиот список, но ќе влезе во составот за ЕВРО само доколку пред првиот меч од групната фаза се повреди некој од одбраните чувари на мрежата.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА