Италијанскиот селектор Лучијано Спалети беше многу изнервиран на прес-конференцијата по ремито со Хрватска (1-1).
Со бодот до кој стигнаа во осмата минута од судиското надополнување Италијанците обезбедија пласман во осминафиналето каде ќе играат против Швајцарија.
„Грижата и стресот се дел од оваа работа бидејќи илјадници деца не чекаат секој пат пред хотелот, кои само чекаат со часови за да не видат за секунда. Јас сум некој кој ги сака сите луѓе, ги сакам сите. Но ако видам дека има луѓе кои ме напаѓаат тогаш се лутам. Природно е да чувствувате притисок и одговорност, но нема од што да се плашите. Изгубив толку многу натпревари во кариерата… Слушај, што можеше да се случи? Хрватска можеше да победи, тие се добар тим. Сите екипи се добри на овој турнир. Ги анализирате игрите и велите дека не сум добар тренер поради ова и она. И во ред, тоа е ваша работа, но те молам немој да не моч*те ако изгубиме“, изјави Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА