Спалети потврди дека си оди: Одлуките не ги менувам секој ден, добро го размислив ова…

Лучијано Спалети ја донесе првата шампионска титула на Наполи по пауза од 33 години, но искусниот стратег сега е подготвен да си замине нецел месец по фантастичниот успех на „наполитанците“.

Италијанските медиуми долго шпекулираа на оваа тема, но Спалети на вчерашната прес-конференција потврди дека донел одлука и дека таа нема да се промени.

„Работата е решена, не ги менувате одлуките и своите ставови секој ден. Тоа е ситуација која трае веќе подолго веме, кога работите од утро до мрак, работите почнуваат да созреваат во вашиот ум. Ова не е нешто што падна од небо, што се појави од никаде, ова е добро промислена одлука“, изјави Спалети.

Тој ги отфрли и гласините дека поради валидниот договор што го има со Наполи ќе мора да му плати отштета од осум милиони евра на новиот италијански првак.

„Се измислува дека сум барал повеќе плата, се измислува дека сакам да си одам бидејќи веќе сум договорен со нов клуб. Се измислува и дека сум требал да му платам отштета на Наполи, но тоа се само лаги од луѓе кои воопшто не се упатени во ситуацијата“, порача тренерот на Наполи.

Се вчитува...