Спалети: Повеќе ми се допадна како одигравме во второто полувреме

ЕКИПА во Рим,

Никола Станикевски

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 5-2  на гостувањето кај Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија. Нашите фудбалери одиграа едно во најмала рака слабо прво полувреме, во кое во сите 45 минути беа инфериорни на теренот, што беше клучно за поразот. Во второто полувреме со влегувањето на Јани Атанасов успеавме да заиграме подобро, но тоа на крајот сепак не беше доволно по големата негатива од првиот дел.

„Повеќе ми се допадна второто полувреме иако во првиот дел имавме 3-0. Ми се допадна многу нашата рекација по примените два гола бидејќи не изгубивме на концентрација и на крајот успеавме да стигнеме до триумф од 5-2“, изјави Спалети. 

Се вчитува...