Италијанскиот селектор Лучијано Спалети е принуден да повика нови фудбалери во таборот на „аѕурите“ за претстојниот квалификациски меч против Македонија, откако од комбинација за настап во последните денови отпаднаа дефанзивците Толои од Аталанта, Калабија од Милан, потоа голманот на Наполи, Алекс Мерет, како и фудбалерот за врска на Јувентус, Мануел Локатели.
Во една така ситуација, Спалети се реши да повика дополнително двајца нови фудбалери, и тоа Мануел Лацари од Лацио и Кристијано Бираги од Фиорентина. Левиот бек на Фиорентина утрово тренираше со остатокот од репрезентацијата, додека десниот бек на „лацијалите“ ќе се приклучи во текот на денешниот ден.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра в петок на „Олимпико“ во Рим, со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА