Тренерот на Рома, Лучијано Спалети прифатил од јуни да застане на клупата на Интер, пренесуваат италијанските медиуми.
Интер и Спалети изминативе денови имале интензивни средби по што, според тврдењата, Спалети прифатил на ангажман во Интер, на местото на Стефано Пиоли.
Еден од фаворитите за нов предводник на Интер беше Антонио Конте, но кога и дефинитивно стана јасно дека останува во Челси, тогаш Интер се насочи кон Спалети.
Тосканскиот тактичар би дошол во Интер, откако со Рома не успеа да освои трофеј што е причина за напуштање на „Олимпико“ на крајот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА