Спалети разочаран: На моменти играта ни беше срамна

Тренерот на Јувентус , Лучијано Спалети, изрази незадоволство од играта на својот тим, и покрај победата од 2-0 над Пафос во шестото коло од главната фаза на Лигата на шампионите.

Кипарскиот првак во првиот дел целосно го надигра италијанскиот гигант, имаше и најмалку пет стонастотни шанси, но на крајот не успеа да реализира, а во вториот дел беше казнет.

„Беше многу важно да се победи. По победата, сè изгледа подобро. Сепак, анализирајќи го натпреварот, разбирам дека сигурно треба да направиме повеќе. Не сме задоволни, момците не се задоволни од себе, на моменти го направивме само минимумот. Некои ситуации во првото полувреме беа искрено срамни. По паузата се опуштивме малку и почнавме да дејствуваме посмирено со топката, донесувајќи подобри одлуки“, вели Спалети.

„Вистина е дека имаме некои тешкотии во одбраната. Очигледно ни е потребен централен бек кој игра со десна нога бидејќи Калулу мора да биде бек, а таа позиција моментално ја окупира Вестон МекКени. Кога Камбијазо мора да се брани од физички моќни напаѓачи, тој има некои тешкотии, неговите силни страни се во нападот“, објасни Спалети.

Се вчитува...