Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети изјави дека Рома треба да го задржи напаѓачот Пауло Дибала. Рома во неделата ја победи Парма со 5-0 во лигата, а Дибала постигна два гола.
Летово беше на прагот да го напушти Олимпико и да се пресели во некој од саудиските клубови, но се предомисли и остана во Италија, но се шпекулира дека би можел да ја напушти Рома.
„Не е до мене да кажам дали Рома треба да го задржи. Знам дека Дибала е одличен играч, а за тим кој сака да изгради силен менталитет, важно е да ги задржи играчите како него“, рече Спалети.
Дибала оваа сезона одигра 14 натпревари во Серија А и постигна четири гола
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА