Спалети се налути: Кој лаже дека сум им забранил на фудбалерите да играат „Сони“

Италија славеше на премиерниот меч од ЕВРО 2024 против Албанија, селекторот Лучијано Спалети беше задоволен од поголемиот дел од изданието на својот тим, но кормиларот на „аѕурите“ се налути по пишувањата на дел од медиумите од Апенинскиот полуостров околу неговата „.челична дисциплина“.

Конкретно, неколку весници пренесоа дека Спалети им забранил на своите фудбалери да играат „Сони Плејстејшн“ за да бидат пофокусирани во овој важен период, но селекторот на денешната прес-конференција категорично ги демантираше овие лаги.

„Не ми се верува дека треба воопшто да разговарам на оваа тема, но очигледно дека морам затоа што се шират лаги. Не знам кој лаже дека сум им забранил на фудбалерите да играат „Сони“, јас само сум загрижен за нив, сакам да спијат навечер. Никогаш не сум им рекол дека не смеат да играат „Сони“, само дека не смеат да останат будни до 3-4 часот наутро. Тоа се две сосема различни работи, а логично е како селектор да сакам моите фудбалери да се одморени и подготвени за тренинг. Немам ништо против видео-игрите, напротив, имаме специјална соба со две конзоли, дури и јас самиот одам да играм со нив. Зарем мислите дека фудбалерите треба да заглават до три часот наутро со видео-игри за време на европското првенство“, изјави Лучијано Спалети.

Се вчитува...